Скопје преплавено со „комитски“ автобуси! (ФОТО)

Навивачката група Комити брендираше автобуси на ЈСП како дел од нивната кампања за ревардаризација, како и јубилеите по повод 30 години од нивното формирање и 70-тиот роденден на ФК Вардар.

Како дел од оваа кампања Комити организираат и наградна игра што трае до 10 октомври годинава. Наградната игра вклучува селфи со девет различни плакати низ Скопје, а најбрзите 100 навивачи, кои ќе соберат највеќе лајкови ќе добијат вредни награди. 

Комитите уште на почетокот од новата сезона најавија дека во текот на цела оваа натпреварувачка година ќе организираат разни настани со кои ќе го одбележат нивниот 30-годишен роденден, како и роденденот на фудбалскиот клуб.