Скопје од поинаков агол: Како се пуштале маџармаалските мангупи на девојките и како се „шизело“ на игранките (ВИДЕО)

Повозрасните скопјани сигурно со симпатии се сеќаваат на старо Скопје пред земјотресот.

Во овој подзаборавен краток документарен филм низ снимки и фотографии е претставен животот во Скопје од малку поинаков агол односно како се пуштале маџармаалските мангупи на скопските девојки, како се „шизело“ и се играло танго, како се забавувале младите во градот и низа други моменти од скопското секојдневие.