Скопје: Неисчистени улици, преполни автобуси, такси ниту за лек...

Улици неисчистени, преполни автобуси...Оваа зима за првпат во Скопје завеа снег на крајот од февруари. 

Град Скопје, ЈП Улици и патишта и Македонија пат целосно под висината на задачата. Иако метеролозите се денови го најавуваат, снегот ги изненади службите.

Утринава главниот град на Македонија е целосно блокиран поради големите наноси на снег. Од синоќа до денес властите не усепаа да го исчистат снегот. Големи наслаги од снег нема само на споредните улици, туку и на булеварите. Утринава граѓаните на социјалните се жалеа дека не можат ни да стигнат до своите работни места.Мханизацијата ја нема нигде.

Не сообраќа автобусот до Нерези (Македонско село) и приградските линии 64, 80, 80а и 180.

Како што соопшти ЈСП „Скопје“, автобусот со број 3 место до „Панорама“ сообраќа до Клинички центар, а 16 место до Пржино сообраќа до црквата „Св. Петка“. Автобусот со број 24 сообраќа само до Кисела Вода.

Од приградските линии, автобусите со број 58, 58а и 58б место до селата во општина Сопиште сообраќаат до Кисела Вода.

Отсечени од цивилизацијата се неколку куќи од населбата Бардовци која се наоѓа во склоп на Општина Карпош.