Скопје не го дава најдобриот ракометар во светот

Роден е во Србија, етнички Унгарец, репрезентативно настапува во Шпанија, а игра за клуб во Македонија. Тоа е Арпад Штербик, голманот на РК Вардар или како што спортските фанови милуваат да кажат „Министерот за одбрана“.  Изминатиот период во јавноста беше објавено дека Штербик заминува од РК Вардар и дека во следната сезона ќе настапува во редовите на Веспрем. Денес во светските спортски медиуми беше објавено дека тој е најдобриот ракометен играч на 2017 година.

„Не си оди Штербик“ и „Скопје не го дава Арпад“ се најчестите коментари на социјалните мрежи по најавата дека Арпад Штербик потпишал договор со унгарскиот ракометен клуб. 

Во интервју за Скопје Инфо на прашањето какво е неговото мислење за македонските навивачи, тој вели:

Во Скопје навистина се гледа ракомет и се чувствува дека луѓето го сакаат овој спорт, а за тоа секако има заслуга и репрезентацијата на Македонија. Навивачката група „Комити“ не следи насекаде и навистина е огромна нивната поддршка, им се заблагодарувам и на сите останати навивачи на Вардар за поддршката која ни ја даваат и која многу ни значи. Кога атмосферата е “пеколна“ не е ни потребно да се загрееш, веќе се е некако загреано.

Потоа додава дека во сеќавање за Скопје ќе му остане првото доаѓа во градот заедно со тимо на Веспрем.

„Мене ми е останато во сеќавање 2001 година кога за прв пат дојдов во Скопје со тимот на Веспрем да играме натпревар од ЛШ во групи, спиевме во хотелот Белви и не знам дали беше лоша вечерата или нешто друго беше причината ама знам дека Индира Кастратович вечерта се појави со 100 кебапчиња. Тоа е првото нешто што ми текнува кога ќе помислам на Скопје“, додава Штербик.