Скопје на осмо место во листата на најзагадени градови во светот

Утрово Скопје се искачи на осмо место на светската листа на најзагадени градови. Податоците се од 11 часот според податоците прикажани на интернет – страницата на Air-visual.

На табелата се гледа дека степенот на загаденоста со ПМ10 честичи изнесува 169 микрограми на метар кубен. Прв на листата на најзагадените градови е пакистанскиот Лахоре со 235 микрограми, а потоа следат Вроцлав од Полска и Сараево од БиХ.

Податоците од мерните станици кои ги соопштува Air Visual, а се однесуваат на 10 часот и 56 минути покажуваат дека во Карпош биле измерени 174 микрограми, кај Ректорат 172, во Гази Баба 169 и во Центар 157.

Фотографијата е направена утрово каде јасно се гледа што денеска се диши во главниот град.