Скопје на листата: Европска дестинација која задолжително треба да се посети годинава

Угледниот холандски весник го смести Скопје во групата на 21 европски град којшто не е позната и извикана туристичка дестинација, но дефинитивно заслужува да се посети. Одличната храна, богатата култура и неверојатните локации и глетки се главната причина, според весникот, туристите да застанат и барем еден викенд да поминат во Скопје.

– Со своите бројни амами, испреплетените камени улички и пазарите за храна со неверојатна атмосфера, Скопје е еден од источноевропските градови во кои вреди да застанете и кој ќе ви направи голема разлика – пишува весникот. Освен македонската метропола, на листата на весникот се најдоа и дваесет други градови.За сите нив, се пишува дека се градови со неверојатен шарм, но без вообичаениот туристички метеж карактеристичен за познатите туристички дестинации.

Во продолжение е комплетната листа на неизвикани дестинации кои годинава туристите треба да ги посетат.

– Бергамо, Италија

– Скопје, Македонија

– Тревизо, Италија

– Тбилиси, Грузија

– Сеговија, Шпанија

– Виторија – Гастеиз, Шпанија

– Тавира, Португалија

– Осјек, Хрватска

– Умеа, Шведска

– Нант, Франција

– Брегенц, Австрија

– Сион, Швајцарија

– Гимареш, Португалија

– Лубек, Германија

– Вроцлав, Полска

– Пловдив, Бугарија

– Трст, Италија

– Архус, Данска

– Брага, Португалија

– Егер, Унгарија

– Марибор, Словенија