Скопје: Му зарила нож на татка си

По полноќ се одвивала вистинска драма во куќа во скопско Пакошево, кога 27-годишната С.Д. била физички нападната од нејзиниот татко. Според информациите од полицијата, се работи за 62-годишниот Р.В. кој бил во алхохолизирана состојба.

Таа во самоодбрана со нож го прободела во левата подколеница. Р.В. со возило на Итна медицинска помош бил префрлен во Градска општа болница „Св. Наум Охридски“ каде му биле констатирани телесни повреди, по што е пуштен на домашно лекување.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.