Скопје: Му се слошило возејќи, удрил во пет автомобили, па починал

Вчера околу 09,10 часот во кругот на Клиничкиот центар во Скопје,  на паркингот на Клиниката на Стоматологија, се случила сообраќајна незгода во која возило „голф“, управувано од М.К. (62) од Штип удрило во пет паркирани возила.

Имено, М.К. управувајќи го возилото во еден момент му се слошило и додека му укажувале лекарска помош и го пренесувале во Ургентниот центар, починал.