На улицата Кеј Димитар Влахов во Скопје, во близина на бензинска пумпа, синоќа во 20.30 часот три непознати лица извршиле разбојништво над Б.А. (60) од Илинден-Скопје.

Кога Б.А. застанал со своето патничко возило „опел астра“ со скопски регистарски ознаки, му се доближила жена која му понудила сексуална услуга, но откако Б.А. ја одбил, таа се обидела насилно да му го одземе паричникот од џебот на маицата, викајќи и удирајќи го по главата.

Откако му го украла паричникот, се доближиле двајца мажи на кои таа им го фрлила паричникот. Едно од нив го нападнало Б.А., а притоа жената ги одзела парите од паричникот, го фрлила во возилото и побегнала.