Скопје минатата вечер на прво место, а утрово 10-ти најзагаден град во светот

Воздухот во Скопје синоќа беше екстремно загаден, а главниот град беше најзагаден град во светот.

За жал од страна на локалните и централните власти се уште немаат преземено мерки за решавање на овој проблем кој претставува рак-рана за граѓаните, кои наместо чист воздух кој што им го ветуваше Петре Шилегов и Зоран Заев во предизборниот период на локалните избори тие и понатаму дишат отров наместо чист воздух.

И денеска нивото на загденост во Скопје е исклучително високо. Главниот град на Македонија утринава е 10-ти најзагаден град во светот, покажува „Ервижувал“.

Мерните инструменти покажуваат дека најзагаден дел е Ректорат, односно потегот кај крстосницата, Универзитетска библиотека, Мавровка, Ректорат, каде надминува над 485 мг на м3 ПМ честички.

Поради нарушениот квалитет на амбиентниот воздух и надминување на граничните вредности за партикуларните честички помали од 10 микрометри (РМ10), што е резултат на загадувањето на воздухот, но пред се на стабилната временска состојба карактеристична за Скопската котлина во зимски услови, која не дозволува дистрибуција на загадувачките материи, Градот Скопје издаде предупредувања и препораки.