Скопје - магнет за странските туристи!

Бројот на странски туристи во последните осум години е зголемен за 100 проценти. Последните статистички податоци покажуваат дека најголем број од туристите од странство го посетуваат Скопје, по што следуваат туристичките места на природните и вештачки езера, планинските места, бањите.

Во октомври годинава во Македонија најбројни биле туристите од Турција, Грција и Србија, а тие нејмногу престојувале во Скопје. Од Турција имало 5.938 туристи, од Гриција 4.824, а Србија 3.199. Во главниот град во октомври имало 21.477 туристи, со 42.851 ноќевање. Повеќе туристи и развој на туристичкиот сектор треба да овозможат зголемените субвенции за развиените земји што државата ги дава за привлекување странски туристи. Со мерката, што стапи во сила на првиот ден од годинава, за гостите кои ќе доаѓаат со чартер лет од Израел, Австрија, Малезија, Јужна Кореја, Италија, Франција и Шпанија субвенциите се зголемуваат од 25 на 65 евра по лице.

За туристите од Чешка, Словачка, Унгарија, Полска и Романија, пак, зголемувањето е од 25 на 35 евра, а подоцна ќе достигнат до 45 евра поединечно.