Скопје ќе танцува во ритамот на Боуви

Во ритамот на музиката на неодамна починатата музичка ѕвезда Дејвид Боуви на 24 април ќе се танцува на улицита на Скопје и на Плоштадот Македонија. Парадата на танцот со наслов „Танцуваме со Виталиа“ ќе почне на пладне. Организаторот, манифестацијата „Танц фест“, ги поканува сите танцови студија, танц ентузијасти, а воедно и сите граѓани без разлика на возраст, професија, вера, национална припадност се приклучат во танцувачкиот спектакл.

-Целта е преку танцот да се ослободиме од секојдневните стресови, да се забавуваме и заедно, танцувајќи да го возбудиме духот на градот. Бројот и возраста на учесниците не е ограничен. Пожелно е секој да осмисли костим, шминка, маска, реквизит со кој ќе предизвика внимание и ќе придонесе за подобра забава. Низ плоштадот Македонија и улиците на Скопје ќе одекнува музиката на генијалниот Дејвид Боуви. Да го разбудиме духот на градот и да го поместиме Скопје-велат организаторите.