На 3 февруари во МКЦ по шести пат ќе се одржи фестивалот на независна музика “Земјотрес”.

Инициран во 2012 година од “Направи заедно” (сегашен Балкан Велики), “Сикстинајн рекордс” и “Пи-ем-џи рекордингс”, фестивалот секоја година ви го презентира најсвежото од македонската алтернативна музичка сцена.

И оваа година, како и минатите, освен музичката програма која ќе се одвива на три стејџови, во холот на МКЦ ќе бидат поставени и изданијата на дискографските куќи, како и промотивните материјали на бендовите.

“Баклава”, “Љубојна”, “Стринг форсис”, “Поган паган”, “Шварцен”, “Сетстат”, Мирко Попов, “Морфеј”, Сашо Митревски и “Палиндром” се само дел од изведувачите на годинашното издание на фестивалот.

Влезниците по цена од 150 денари ќе бидат пуштени во претпродажба на 16 јануари (вторник), а на денот на настанот истите ќе чинат 200 денари.