Скопје ќе добие три подземни сообраќајници, гимнастичка сала, два нови студентски домови…

Мерки и проекти кои ќе ги реализираат за Скопје:

– За Скопје, предвидуваме изградба на три подземни сообраќајници и тоа: Првата од раскрсницата кај Народна банка до Владата, втората е крстосница на две нивоа кај ТЦ Мавровка и Судска палата и третата е подземна сообраќајница кај Јужен булевар. Инвестицијата е околу 100 милиони евра, 90% од финансирањето ќе биде од државата, а 10 % од градот Скопје, воедно ќе набавиме 50 електрични автобуси..

Освен целосна гасификација на Македонија на која веќе се работи и ќе ја дореализираме во наредниот мандат, во Скопскиот регион предвидовме изградба на дистрибутивната мрежа за природен гас со проценета инвестициска вредност од околу 100 милиони евра. Ќе се изградат околу 245 километри дистрибутивна мрежа со што граѓаните ќе добијат поевтини сметки, а компаниите помали трошоци и поевтин енергенс.Истото се планира и другите градови во Македонија каде ќе има гасовод, вчеравечер Никола Груевски им порач на 80.000-те Македонци кои дојдоа во Скопје од цела Македонија да ѝ ја дадат искрената поддршка на државничката политика на Коалицијата за подобра Македонија, предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Во Скопје, ќе изградиме целосно нов комплекс клиники „Мајка Тереза“. Оние сто ќе останат надвор од тој објект ќе се реновираат. Предвидуваме обновување на Универзитетската клиника за кардиологија, реконструкции во Универзитетска клиника за инфективни болести, Универзитетската клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ Скопје, градската општа болница „8 Септември“, а ќе се реконструираат амбулантите во Сарај, Бардовци, Лисиче, Ѓорче Петров, Бутел, Карпош, Илинден, Шуто Оризари, Чаир и Влае. Ќе извршиме набавка на 1.317 нови најсовремени медицински апарати за здравствените институции со вкупна вредност од преку 13 милиони евра за здравствените установи во Скопје.

Предвидуваме да ја основаме и изградиме ТИРЗ Скопје 3, а во рамките на ТИРЗ Скопје 2 ќе се формира слободна ИТ-зона која ќе биде наменета за компании кои ќе нудат услужни дејности и за компании од ИТ-индустријата.Предвидуваме отворање на 22 нови детски градинки проширување на 10 детски градинки, во други просторни услови на територијата на Град Скопје, со што ќе го зголемиме опфатот за преку 6000 деца.

Ќе изградиме два нови студентски домови во Скопје, Студентските домови ќе бидат со капацитет од 300 до 500 легла. Ќе се доврши започнатата реконструкција на студентскиот дом „Гоце Делчев. Ќе се доизградат новите објекти за потребите на Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство и Факултетот за физичка култура, ќе изградиме нови современи објекти за Универзитет „Дамјан Груев“ и посебен за неговиот медицински факултет како и нов објект за Универзитет „Мајка Тереза“ и повторно ќе ја изградиме старата учителска школа за потребите на високото образование.

Во спортскиот центар “Борис Трајковски” ќе изградиме Гимнастичка сала, сала за боречки спортови и затворена тениска арена со три терени. Ќе изградиме отворен базен во рамките на Аква-паркот, како и затворен пливачки базен во Аеродром и отворен пливачки базен во Шуто Оризари,како и 20 нови спортски сали, 12 повеќенаменски игралишта, 13 тениски терени, 36 кошаркарски игралишта, 2 фудбалско игралиште и 2 фитнес зони во вкупна вредност. Скопје ќе добие и импозантен театар на култура во Скупи, со капацитет од 9.000 седишта.

Ќе обезбедиме и субвенционирање на греење со пелети, со што ќе има субвенции за купување печки на пелети, намалување на ДДВ-то за печките и пелетити, а ќе се субвенционира и инсталирање на системи за греење во големи објекти кои вршат јавни дејности.

Предвидуваме субвенции за набавка на електрични возила, како и субвенции од 300 евра за вградување на плин со цел намалување на штетните издувни гасови. За сите оние кои што сакат да купат електричен автомобил, ќе ја намалиме цената на електричните автомобили преку ослободување од царина и намалување на стапката на ДДВ од 18% на 5%. Дополнително, ќе субвенционираме купување електрично возило со доделување на неповратни 3.500 и 5.000 евра, во зависност од вредноста на возилото, а сопствениците на електрични возила нема да плаќаат паркинг, патарини и давачки за патишта при регистрација на возилата.

За прв пат ќе воведеме субвенции за весниците. Со обзир на тоа што употребата на весници расте, порталите се повеќе добиваат на тежина и значење, весниците се потешко преживуваат. По теркот на Германија, Франција или други држави, каде што државата ги субвенционира весниците, Владата од 2018-та година ќе воведе субвенционирање на весниците.Ќе обезбедиме зголемени плати за универзитетските професори и асистенти кои ќе објават научни трудови во списанија со импакт фактор, како и бесплатен пристап до базите на томсон ројтерс, скопус, и ебско.

Затворен пливачки Базен ќе добијат Аеродром но и Битола и Струмица. Ќе изградиме и голем повеќенаменски спортски комплекс во Битола, составен од голема спортска сала со 6 илјади седишта, Битола го заслужува тоа а во неа ќе има и мала сала со 500 седишта, затворен пливачки базен со трибини, како и мултифункционален објект на две нивоа кој ќе содржи гимнастичка сала со 300 седишта, и дел наменет за боречки спортови, рече Груевски.