Скопје ќе добие рекреативен адреналински велосипедски парк - велодром

Уште едно ново место за скопјани. Изградбата на овој рекреативен адреналински велосипедски парк - велодром, се очеува да започне до крај на годинава, а да биде готов до пролет наредната година. 

Веледромот ќе се гради во Градскиот парк во близина на Сточарскиот институт или зад ЈП Паркови и зеленило.

Покрај рекреатавен дел, велодромот ќе има и придружна урбана опрема како клупи, маси, тоалет… 

Град Скопје има обврска да го расчисти просторот, но нема да се сечат дрвја.