Скопје ќе добие нова градска станбена градина - се гради Skopje City Garden (фото)

Доколку за момент помисливте дека Скопје ќе добие нов градски парк, дефинитивно не сте во право. Овој пат станува збор за нов станбен комплекс кои ќе се разликува од сите кои до сега се изградени. Лоциран е веднаш Skopje CityMall и City Tower, помеѓу кулата и новата административна зграда на ПроКредит Банка во Карпош.

Станбено-деловниот комплекс “Skopje City Garden” претставува современ објект кој нуди станови со различна типологија и позиција во станбените единици, со различна големина и ориентација. Секој од становите поседува можност за преуредување и трансформација во согласност со потребите на клиентите. Со понудата на различни типови на станови се постигнува максимална прилагодливост на објектот кон сите желби и потреби на клиентите, со можност за спојување на два или повеќе станови.

Комплексот е збогатен со над 3000м² деловен простор во рамките на приземјето. Содржините кои се планирани допридонесуваат за зголемување на квалитетот и современо живеење на нашите станари, како и жителните од околните згради.

Понесени од целокупната функција и благодетите што со себе ги носи зеленилото, инвеститорот смело одлучи да го внесе зeленилото во Вашите домови.

Новиот станбен комплекс “Skopje City Garden”, се темели на идејата да се живее во домови со многу зеленило, зеленило кое позитивно ќе влијае на сите . Целта на објектот е зголемувње на  зелените градски површини и создавање ба современи, градски, урбани средини.