Скопје ќе биде украсено за Нова Година

Како и сите претходни години, така и оваа, Скопје ќе биде украсено за Нова Година, најави градоначалникот Шилегов.

Скопје е посебно магично кога е украсено. Секаде се чувствува празнична атмосфера.

Шилегов појасни дека јавната постапка за избор на најповолна понуда е завршена и во моментов се чека да поминат жалбените рокови.

За украсување на градот ќе се потрошат пет милиони денари.