Скопје кандидат за „Европска престолнина на културата“

Со изложби на фотографии и инсталации, како и со проекција на документарен филм, вечер во Младинскиот културен центар почнува проектот „Европска престолнина на културата“.

Целта на проектот, кој ќе трае до 4 август, е да го стимулира и поддржи културниот развој на градот Скопје и да ги поврзе претставниците на сите институции на културата заедно да се подготват за изработување темелна, оригинална и конкурентна програма до претстојните термини за аплицирање за титулата „Европска престолнина на културата“.