Скопје и сè е можно: Паркинг резервиран со ланец

Во близина на "Сити мол" жител на Карпош 4си направил резервација за паркинг-место за неговото возило, оптегнувајќи синџир од столбот на уличната светилка до блиското дрво. И уште на парче хартија љубезно замолил никој да не паркира таму и листот го закачил на дрвото.