Скопје и понатаму на врвот, останува најпосетена туристичка дестинација!

Во јуни во Скопје имало вкупно 29.020 туристи од кои 2.304 домашни и 26.716 странци. 

Реализирани се 44 994 ноќевања од кои  4 503 од домашни туристи, а  40 491 од странски посетители. 

Со месеци наназад Скопје е најпосетено од туристи. Тоа го покажуваат податоците од Државниот завод за статистика. 

За споредба,  30 573 туристи имало Скопје во мај. 

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во јуни 2017 година, во однос на јуни 2016 година, е зголемен за 8.1%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 18.2%.

Во периодот јануари – јуни 2017 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 12.6% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 11.4%, а кај странските има зголемување за 13.1%.

Во периодот јануари – јуни 2017 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 12.5% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 9.7%, а кај странските има зголемување за 14.3%.