Скопје и натаму празнично свети

Се уште има празничен, новогодишен амбиент во Скопје. Се чини, како Нова година да ни е на прагот.

Иако јануари ќе си замине за неколку дена, елката на градскиот плоштад се уште свети, и тоа преку цел ден, а во пресрет на Нова година истата светеше само во вечерните часови. 

Куќичките од населбата Винтерленд се отстранети, но железната ограда се уште е таму, која претставува дополнителен проблем за пешаците. 

Од Град Скопје велат дека новогодишните украси, како и елката треба да бидат отстранети најдоцна до 25 јануари.