Скопје - градот во коj секојдневно уживам

Да, Скопје е мојот град во кој јас секојдневно уживам. Чуден град, со многу специфики, но со многу убави луѓе и со многу убава култура која го прават посебно место за живеење.

Уживам во кафето со пријателите. Уживам во убавите места за муабет и убаво кафе.

Уживам во прошетката во градскиот парк и во мирисот на пролетта која сега доаѓа.

Уживам додека ги гледам уличните уметници на скопскиот плоштад. Секој од нив раскажува сопствена приказна.

Уживам додека се шетам на улица Македонија, таму можам секој ден да поминувам и секој ден да биде ново и поинакво искуство.

Уживам додека пазарам на Буњаковец и додека се шетам низ Дебар Маало.

Уживам на прошетка покрај Вардар и на точак на Водно.

Уживам на Матка и на прекрасниот поглед на езерото Козјак.

Уживам во старата скопската чаршија, затоа што таа ми буди спомени и сеќавања за старото Скопје.

Уживам додека се возам во новите автобуси на ЈСП.

Го сакам градот и секојдневно ги уживам убавините на нашето Скопје.

Скопје се менува, но во моето срце секогаш ќе биде мојот роден град кој го сакам најмногу од се.

Париз е убав и Лондон има своја убавина. Но, за мене само Скопје е најубавиот град.

nike air max 1 sale