Скопје: Го нападнал па сакал да го прегази пред малолетното дете

Вистинска драма се одвивала вчера во 7 часот и 40 минути на улицата „Рокомија“ во Скопје. Според податоците од полицијата, додека  30-годишниот М.М. се движел  со возило „Голф“ со скопски регистарски ознаки, во кое била и неговата малолетна ќерка, поради недоразбирање во сообраќајот, патот му го пресекло возило „Пежо“ со скопски регистарски ознаки.

Од возилото излегло непознато машко лице кое со штрафцигер во рака замавнало кон скопјанецот, но истиот успеал да го избегне нападот. Во близина се неоѓал полициски службеник, кој интервенирал и го спречил во намерата. Во истиот момент разбеснетиот маж се качил во своето возило и тргнал да го прегази М.М. но удрил во неговото возило и го оштетил.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.