Скопје еден час ќе потоне во мрак во чест на планетата Земја!

Градот Скопје утре во периодот од 20:30 до 21:30 часот ќе се вклучи во глобалната акција „Часот на планетата Земја“ и ќе го исклучи осветлувањето на неколку објекти во центарот на градот.

Осветлувањето ќе биде исклучено на следниве објекти и локации:

- Плоштадот „Македонија“ со спомениците,

- Камениот мост,

- Скопската тврдина Кале,

- Мостот „Око“ и

- Мостот на уметноста.

Утре, во периодот од 20:30 до 21:30 часот поддржувачите на акцијата „Часот на планетата Земја“ низ светот ќе ги исклучат светилките и ќе испратат силна порака за спас на планетата и за намалување на климатските промени.

Оваа светска манифестација е поддржана од организацијата WWF и се спроведува во 170 држави низ светот.