Деветтото издание на БОШ ќе започне во Скопје, поточно во Кино Фросина, каде на 03.03.2017 во соработка со МКЦ, ги најавува настапите на Gianni Druid, The Cyclist Conspiracy и Lenhart Tapes, а со тоа истовремено ја најавува и едицијата „Ремек Дела“ – издавање на независни цртачи на сито штампа во различни формати, што произлезе од соработката со NOVO DOBA FESTIVAL во Белград. Прв во рамки на едицијата „Ремек Дела” ќе биде претставено делото на Кирчо Арсовски, цртеж кој се најде на плакатот на настанот, насловен како „Глас“, а дизајнот на самиот плакат е на Johanna Marcadé-Mоt.

Партнер на настанот е Јадро – асоцијација на независната културна сцена, а донатор е Гете Институт – Скопје.