Скопје е преплавено со дрога, тинејџерите се на удар

Тинејџери од 14 и 15 години тешко може да оделат на дрогата која има преплавено главниот град. Ова го покажува сведочењето на вработен во скопскиот ургентен центар кој за Скопје Инфо раскажува дека за време на новогодишната ноќ драстично бил зголемен бројот на хоспитализирани пациент поради предозираност со дрога, но најчесто на тинејџерска возраст.

Љубипотност или желба за нешто ново?  Експедицијата на тинејџерот скоро секогаш започнува со помислата дека забранетото е најслаткото, но тука е првата грешка и чекор поблиску до стапицата на дрогата и наркоманијата. Тогаш ги гледа личностите околу него кои се различни од неговото нормално опкружување, бидејќи за него во тој момент нормалните луѓе се здодевни и веќе видени. Тој почнува да ги одбегнува нормалните личности и има силен интерес да дознае што прават оние други личности кои не се во нормалната група на луѓе.

„Подолго време работам во оваа служба, но никогаш состојбата не била толку аларманта. Млади девојчиња, средношколки се носат во бесознание, најчесто предизвикано од преголема количина дрога или пак алкохолол“, раскажува изворот.

Полициските билтени секојдневно се полни со информации за приведени и уапсени лица кои во себе поседувале или продавале дрога, но тешко се влегува во трагот на големите трговци.

Во скопските кулоари веќе подолг период се говори за кафулиња и локали во кои речиси јавно се продава и конзумира дрога.