Скопје е четврти најзагаден град во светот

Скопје повторно се наоѓа на врвот на светската ранг лист за за градови со најзагаден воздух. Имено нивото на загаденост во текот на ноќта беше алармантно и изнесуваше до 600 mg/m3 ПМ10 честички, со што Скопје се најде  на  4-то место во топ 5 најзагадени градови во светот.

Мерните станици на квалитет на воздухот на повеќе локации низ градот измерија огромно загадување на сите мерни станици во Скопје од 4 до 12 пати над дозволениот максимум.

Скопје оваа зима руши рекорди, највисоки концентрации се забележани синоќа на мерните станици Лисиче или 600 микрограми на метар кубен и  Ректорат односно 530 микрограми на метар кубен ПМ-10честички.

Покрај Скопје огромно загадување е регистрирано и во Струмица со 500 микрограми на метар кубен, Гостивар со 330, Велес 245 и Тетово со 240.