Скопје домаќин на Мундијалот за ракометари до 19 години

Во Скопје денес почнува Светското првенство за ракометари до 19 години кое трае до 18 август, a ќе учествуваат 24 репрезентации.

Натпреварите ќе се играат во СЦ „Борис Трајковски“ и СЦ „Јане Сандански“. Македонија е во Ц-групата заедно со репрезентациите на Данска, Јапонија, Аргентина, Нигерија и Бахреин, а првиот натпревар ќе го имаат вечер со почеток во 20:30 часот против репрезентацијата на Аргентина во СЦ „Борис Трајковски“.

Влезот ќе биде слободен за сите кои ќе сакаат да ги поддржат ракометарите од трибините и да уживаат во квалитетен ракомет. 

Пренос од сите средби од СП во живо на:
https://www.youtube.com/channel/UCNxIzSQ_GOWPmpC_V1oQVIA