За промоција на културно-историските објекти и за полесна ориентација на граѓаните и на туристите, Градот Скопје постави 8 (осум) патоказни табли, на осум локации во центарот на градот.
Како дел од проектот „Поставување на туристички патоказни табли“ поставени се 8 столба со по 3 патоказни табли, кои ќе им послужат на посетителите и на граѓаните лесно да се ориентираат и да го посетат саканиот културно-историски објект или локалитет во централното градско подрачје.
Овие туристички табли се поставени на следните локации:
Плоштад „Филип Втори“, наспроти црквата „Свети Димитрија“
- Плоштад „Македонија“
- Спомен куќа на мајка Тереза
- Стара скопска чаршија
Плоштад „Филип Втори“ до Камениот мост
- Музеј на Град Скопје
- Стара скопска чаршија
- Скопско Кале
Плоштад „Македонија“ до Ристиќевата палата
- Музеј на Град Скопје
- Спомен куќа на мајка Тереза
- Стара скопска чаршија
Наспроти Порта Македонија
- Спомен куќа на мајка Тереза
- Плоштад „Македонија“
- Стара скопска чаршија
Наспроти Собрание на РМ
- Стара Скопска чаршија
- Плоштад „Македонија“
- Спомен куќа на мајка Тереза
Меѓу хотелот „Холидеј ин“ и мостот
- Плоштад „Македонија“
- Камени мост
- Стара скопска чаршија
Улица Македонија, кај пешачкиот „Рекорд“
- Спомен куќа на мајка Тереза
- Музеј на Град Скопје
- Стара скопска чаршија
Улица Македонија, кај пешачкиот на улицата Даме Груев
- Музеј на Град Скопје
- Спомен куќа на мајка Тереза
- Камени мост