Скопје: Дете рането во училиште - итно оперирано

Вистински хорор се одвивал вчера во Скопје кога во 12 часот и 50 минути било пријавено дека во Градска општа болница „8-ми Септември“ било донесено 15-годишно дете кое било рането.

Како што информираат од полицијата, итната помош донела повредено петнаесетгодишно дете кое кај училиштето во селото Рашче, со остар предмет било повредено во пределот на стомакот.

На детето му бил извршен оперативен зафат. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.