„Скопје чита“ на Скопско кале

Второто издание на манифестацијата „Скопје чита“ ќе се одржи денеска во паркот спроти Скопското кале.

Прво ќе читаат група студенти, а потоа и реномирани поети и писатели од различни генерации.

„Скопје чита“ го организираат Културно-информативниот центар-Скопје,  писателката Линдита Ахмети и Арлинда Бафтиу.

Според организаторите, целта е да се привлече вниманието на граѓаните кои ќе можат да слушаат стихови посветени на љубовта и човечките судбини.