Скопјанки ги откриваат своите најголеми сексуални желби

Ова се најголемите сексуални желби на жените од Скопје.

S&M

-Генерално не ми е глупо да кажувам и покажувам нешто за кое (не) ми се свиѓа, но најчесто ми е глупо да му кажам на моето момче дека сакам малку погруби игри.

После филмот “50 нијанси сиво” го имав најдобриот секс во животот со момчето со кое бев тогаш, бидејќи филмот некако потикна дискусија поврзана со тоа. Иначе, не знам како би го започнала тој разговор, низ смеа раскажува Милена (28).

Орален секс

Оралниот секс е чудна работа. Генерално не го сакам, бидејќи ретко кој умее добро да го направи, па речиси се се сведува на фолирање и вештачко вдишување.

Секогаш ми е глупо да му раскажувам и објаснувам на некој како тоа навистина треба да се прави, бидејќи знам дека тоа ќе го повреди неговото его.

Доколку сам ме праша, би му кажала што треба да прави поинаку, но безврска ми е тоа сама да му го кажам – искрено раскажува Бојана (23).

Галење

-Никогаш не ми му рекла на некој дека сакам да се галам, бидејќи знам дека тоа за нив е само губење време, но јас тоа го сакам премногу.

Моето искуство покажува дека мажите лошо реагираат кога им бараш да се галиш, повеќе сакаат акција и околу тоа најчесто доаѓа до кавга

– Марина (27).

Груб секс

-Во врска сум година дена и сексот со моето ново момче е супер, но тој не знае дека јас сакам груб секс И не знам како тоа да му го кажам, бидејќи еднаш кога тоа го побарав, моето поранешно момче мислеше дека сум некоја психопатка.

Од друга страна, еден тоа го сфати премногу буквално, па умееше да претера, со желба да ме задоволи. Не верува дека некогаш на моето момче ќе му кажам дека сакам груб секс, вели Теодора.

Тројка

-Знам дека ова е една од најчестите фатназии кај мажите и кај жените, но мислам дека мојот дечко тоа би го сфатил погрешно.

Се плашам да не помисли дека не ми е доволен само тој, а не се работи воопшто за тоа, туку едноставно сакам да пробам, со двајца мажите секако, низ смеат раскажува Сања.