Скопјанка: Родители, зошто ги пуштате болни децата во градинка

Имам ќеркичка 4 години.Одиме во градинка уште од две години, верујате ми последнава година само два месеци сме биле присутни во градинката. Константно сме болни.

На почетокот задолжително се јавува на воспитувачката да ја известам дека моето дете има одредена бакетрија, сипаница, вирус со цел да им каже на родителите за да бидат запознаени, но често ја слушав реченицата дека се ретки совесните мајки, татковци кои известуваат зошто нивното дете е отсутно и од што е разболено.

Пред неколку дена пред мене еден „совесен“ татко се обидуваше да ја разбудеи негувателката да го прими неговото дете и покрај тоа што имаше температура.Негувателката на убав начин се обидуваше да му објасни дека не смее да го прими детето.Но, тој надмено инсистираше.

Морав да изреагирам.

-Господине се извинува, но како можете да си го оствите детето во градинка знаејќи дека има покачена температура.Не само што може да ги разболи другите, не ќе има сила да седи и да го прати сето она што денеска ќе го прават неговите другарчиња.

Човекот се сврте видно вознемирен и со повишен тон ми се обрати:

Госпоѓо ништо не му е на моето дете, еве носам и сируп ако во случај му се влоши ситуацијата, немам на кого да го остава.Моите родители и родителите на мојата сопруга се од Кичево, овде сме сами. Не можам да земам од работа слободен ден. Мора да остане во градинка.

Негувателката собра сили и му се обрати на родителот. Господине, извинете нема повеќе да се објаснуваме вашето дете не можам да го примам, доколку сметате дека сте во право повелете да разговараме кај директорката.

Таткото ја наведна глават го зема детето за рака и си замина.

Родители, сами треба да си бидете свесни дека некои работи не можат да поминуваат со убедување и објаснувања, се работи за здравје на вашето  дете. Зар би го оставиле во градинка со температура?Па мирно ли ќе си продолжите на работа по сознанието дека на вашето дете не му е добро и дека во секој момент може да ве побараат за да си го земете дома.Секој треба да си се снајде, нема изговори дека немате баба и дедовци и дека работата ви е побитна од здравјето на детето.