Скопјанка раскажува: Секој збори зад грб, но никој не прашува дали јас сум херој

Секој збори зад грб, но никој не прашува дали јас сум херој  што сама го школувам детето, симнувам температура сама, заспивам со него, раскажува  Ана. П. од Скопје својата животна приказна за секојдневната тешка борба за преживување.

Но, таа е само една од илјадниците самохрани родители, кои секој на свој начин се бори со секојдневието.

Според податоците од Државниот завод за статистика и невладините организации што се занимаваат со проблемите и предизвиците на самохраните родители, во земјава има армија самохрани мајки и татковци што ги подигаат децата без речиси никаква помош од државата.Точниот број на самохрани родители го нема ниту една институција во земјава, но од невладините организации велат дека секако надминува 50.000.

– „Распуштеница“ многу грдо звучи. Морав да избирам меѓу беда и дете и пеколен брак, ќотек. Го  спасив од татко насилник, од човек што секојдневно пиеше.Разочарана сум од општеството, кое како и таткото нема чувство дека ни треба помош да одгледам здраво дете, иден граѓани на оваа држава – вели Ана П. Од Скопје, која поради децата, не сакаше да си го открие вистинскиот идентитет.

Маја. М. Од Скопје отворено признава дека и треба помош.

– Мажот ми е починат, јас сум самохран родител на два сина. Имам помош само од моите родителите. Невработена сум , јас земам пензија од маж ми, всушност децата земаат 7.600 денари, а јас немам право на друго, зашто тие го имаат овој приход. Се плашам и работа да барам, сигурно нема да ја добијам, а едното ми е во градинка, другото сега ќе се обидам да го запишам, ако најдам работа, ако не – ништо, немам приходи да ја плаќам. Едното има 4, другото сега ќе полни година, тие да ми се живи и здрави, а мама ќе се бори за нив до последен ден! – вели Маја.