Скопјанка преживеа хорор за 70 денари

Во 02 часот и 30 минути во Скопје во близина на улицата „Кавалска“ се случил вистински хорор за скопјанка. Имено, како што информираат од полицијата, непознат сторител ја нападнал 20-годишната Е.О.  од Скопје.

Тој и пришол од зад грб и ја удрил со рака во пределот на главата. Кога истата паднала на земја, насилникот и ја одзел чантата во која имала паричник со лични документи и 70 денари, а потоа избегал во непознат правец.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.