Скопјанка починала по обид да си го одземе животот

Министерството за внатрешни работи информира дека вчера околу 13,20 часот од страна на ГОБ „Св.Наум Охридски“-Скопје во ЕИК пријавено било дека кај нив околу 10,00 часот била донесена Самра Л. (20) која била донесена во тешка здравствена сосотојба по обид да изврши самоубиство со бесење.

По неуспешна реанимација истата починала. Увид извршила екипа од СВР-Скопје, а по наредба на ЈО телото на починатата е предадено на Институтот за Судска Медицина за обдукција.