Скопјанка паднала од велосипед на Партизанска, со тешки повреди завршила во Градска

Вчераутро на булеварот “Партизански одреди“, Е.К. (33) од Скопје управувајќи велосипед “Каприс“ паднала на велосипедската патека и се здобила со тешки телесни повреди, по што била пренесена во Градската општа болница “Свети Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.