Скопјанка: Ова утро в автобус две тетки беа доволни гласни за да започнам кавга

Рано насабајле накај работа цела стуткана во капут седнувам на горниот кат од 57ца.Пред мене две тетки размуабетени, си велам ова ќе биде долго патување од Радишани до Центар.

Знаеш син ми наполни 21 година не се запиша на факултет, ете заврши средно.Си станува во 1 попладне обавезно мора да го чека доручекот на маса ако не веднаш ми се јавува и почнува да ме критикува.О, па ако не му се испеглани алиштата одма се лути.

Па како така толкав маж од мајка му да чека што не го тераш да работи ете кола сте му купиле нека врти такси, може да работи на пумпа, маркет..

Молам за 15 илјади, па не си го пуштам детето да ми мрзне или не дај боже како таксит некој да го изнатепа, нека си седи дома.

Се изнервирав слушаќи ги, не можев да се воздржам беше посилно од мене и се обратив на тетката која го штитеше синчето.

- Се извинувам госпоѓо ме гледате мене јас имам завршено Правен факултет со просек од 10.00 точно на време дадени испити. И да ви кажам секое сабјле се мрзнам чекајќи автобус до работа патувам 40 минути низ гужвиве, работам 8 часа, честопати прекувремено, нема да ме прашате колку зимам плата?Госпоѓата подголтна, занеме...Платата ми е 12 илјади, а некогаш на газдата ќеиф му е да ни скрати и по 2000 денари, без да ни каже зошто. Се повлеков и ставив слушалки на уши, жената се сврте напред и престана да збори.

Се прашувам зашто некои луѓе сами си ги прават децата да им бидат неспособни.Па уште ги охрабруваат да не се мачат.На секој ќе му биде убаво да лежи дома до 1 попладне и со прст да не мрдне зашто тато и мама ќе му дадат.

Не разбирам, но очигледно дека со ваков однос, без амбиција, работно искуство мислат дека ги чека директорска позиција?