Скопјанка направила вистински хорор: Се породила во тоалет и го фрлила бебето

Скопјанка направила вистински хорор откако родила бебе и го фрлила во тоалет. Се работи за 23-годишната Т.И. од Скопје која веќе била во 7/8 месец од бременоста. Таа претходно била лекарски контролирана, а и покрај сето ова тргнала на апсолвентска ексурзија.

Девојката околу 11 часот и 30 минути на „Табановце“, додека чекала за пасошка контрола, почувствувала силни болки во пределот на стомакот и се упатила во тоалетот на граничниот премин. Притоа додека била во тоалетот се породила, по што го зела бебето и го ставила во корпата за отпадоци. По настанот се вратила во автобусот и продолжиле со патувањето.

Откако од персоналот на граничниот премин било откриено телото на новороденчето настанот бил пријавен во СВР Куманово и по интензина истрага контактирано е со организаторите на екскурзијата, а скопјанката на 30.03.2016 е однесена во Гинеколошка клиника во Прага, Чешка Република при што и е укажана лекарска помош.  вештачења.

Меѓу другото според истрагата е констатирано дека без оглед на датумот на бременоста, новороденчето кое било живо родено би преживеало доколку било родено во соодветни болнички услови.