Скопјанка нападната со нож и ограбена среде улица

Вчера наутро во полициска станица во Карпош, В.М. од Скопје, пријавила дека истиот ден околу 08,00 часот на ул. „Каирска“ од страна на непознат сторител и било извршено разбојништво на тој начин што откако го одминала истиот без повод и причина ја турнал на земја и со закана со нож од вратот и го одзел златното ланче, а потоа го напуштил местото на настанот.

Полицијата ги презема потребните мерки за пронаоѓање на сторителот и целосно расчистување на случајот.