Вчера во 3:15 часот утрината 26-годишната Т.Е. од Скопје пријавила дека истиот ден  околу 01:30 часот, на улицата „23-ти Октомври“ во Скопје, пред влез од зграда, од страна на машко лице извршено и е разбојништво при што и бил одземен ранец во кој имала паричник со лични документи и картички, 2.000 денари, мобилен телефон, полнач за мобилен и други работи. 

Со извршеното дело сторителот се стекнал со противправна имотна корист од 35.000 денари.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот.