Скопјанка моли за помош: Родив здраво дете кое ми кажаа дека починало, но...

„На 7. февруари 2010 година родив здраво и живо девојче кое заплака. По половина часа ми кажаа дека починала, четири ден бев во кома.“. Вака скопјанката Марина Мицевска ја започнува своја исповед која деновиве ја сподели на социјалните медиуми каде што бара помош од чесните граѓани. 

Не добив документ дека детето починало. Но, годинава добивме покана да за на училиште. Знам и чувствувам дека е жива, продолжуваа таа со својата исповед.

Апелира до мајките на дечињата кои се родени во 2010 година да споделат доколку имаат некаква информација за детенце кое е посвено на одделенијата на своите дечиња.

„Ве молам мојата ќеркичка учи со некое од вашите дечиња, ако имате сознание дека има посвени деца во класот на вашето дете ве молам да ми пишете. Ве молам сите доколку знаете дека има посвено женско дете пишете ми порака“, додава Марина.

Вели, сакам да ја видам и да ја гушнам за нејзиниот роденден, да ја помирисам па макар и одма да умрам.

Веројатно мојата принцеза е светол тен, кафеава коса и кафеава очи. Ве молам да се прошири ова и да помогнете, на крајот завршува Марина во својот пост на социјалните медиуми.

Доколку некој има некаква информација и сака да и помогне, тоа може да го направи преку нејзиниот фејсбук профил.