Скопјанка крвнички претепана од невенчаниот сопруг, и се заканувал дека ќе ја убие

Л.А.(29) вчера пријавила дека пред четири дена околу 1 часот во с.Идризово-скопско во семејниот дом била физички нападната од страна на нејзиниот невенчан сопруг П.К.(29).

-Тој повеќе пати ја удирал со тупаници  во пределот на носот, лицето и стомакот, кубејќи ја за косата и  давејќи  ја во пределот на вратот и притоа заканувајќи и се дека доколку вика ќе ја убиел, информираат од полицијата.

Од физичкиот напад оштетената се здобила со видливи повреди во пределот на главата.

Полицијата работи на целосно расчистување на случајот.