Скопјанка касната од куче скитник во Кисела Вода, момче во Аеродром

Во Полициската станица Кисела Вода, Р.П.М. (45) од Скопје пријавила дека на бул. „Борис Трајковски“ била касната од куче скитник во пределот на десната надколеница.

Во Полициската станица Аеродром пак, дваесетгодишниот Н.Д. од Скопје пријавил дека на бул. „Србија“, општина Аеродром, бил каснат од куче скитник во пределот на десната нога.