Скопјанка храбро се справила со крадци откако и впериле пиштол

Во 09 часот и 20 минути во спортска обложувалница на улицата „Благоја Стефковски“ во Скопје две непознати лица извршиле разбојништво во обид.

Сторителите со закана со пиштол од вработената побарале пари. Таа одбила да им даде пари, по што тие заминале во непознат правец.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.