Скопјанка: Бев бремена, затоа не добив работа

Ништо повеќе не, не изненадува во оваа наша мила татковина, вели оваа млада скопјанка.

Таа е економист по професија. Откако дипломирала пред речиси десеттина година, до сега има работено на повеќе различни места,но како што вели или на замена или пак работа без плата и во никакви услови. Таа сега е без работа повеќе од една година, а со нас го сподели своето искуство од она што и се имаше случено на последното интервју за работа.

-Го видов огласот на една од интернет страните и аплицирав.За помалку од една недела ми се јавија од таму и ме викнаа на интервју. Отидов. Ми изгледаа нормлано. Имаше убави услови за работа, плус работа по струка, а и платата беше солидна. Ми се јавија после неколку дена и ми рекоа дека сум примена на работа и дека од први, наредниот месец започнувам и дека еден месец ќе работам пробно, а потоа се да биде регуларно. Јас се согласив и вев пресреќна. Си помислив, конечно да најдам нешто како што треба. Но, само за миг... Тргнав таму, работев една недела. Се беше супер. Колегите беа добри, а и работата ми се допаѓаше, имаше добра работна атмосфера, раскажуваа таа.

После една недела работа, Тина дознала дека е бремена. После пет годин брак и неуспешни обиди за забременување и после многу лекување, конечно добила позитивни резултати.

-Не знаете колку многу бев среќна. Оваа моја убава вест наредниот ден веднаш ја споделив во фирмата каде што работам. Сите ми честитаа, но на лицето на шефот и на газдата се покажа нешто, како да не им е мило. Тој ден помина. Наредниот ден кога отидов на работа веднаш бев повикана во канцеларија кај сопственикот на фирмата. И знаете нели, што се случи? Ми рече дека е задоволен од мене и од тоа како работам, но дека во моментов на него во фирмата не му треба трудница. Како некој камен да фрли врз мене. Сепак, малку се изнервирав, но не дозволив да му покажам, ниту пак да дозволам нешто да ми ја уништи среќата која ја чувствувавм после толку време.