Низ градот може да наидете на луѓе кои бараат пари за превоз, за своите болни деца, гледаат на дланка.На овие изманици најчеста мета им се постарите жители од кои може најмногу да се извлечат пари, но има и луѓе кои сакајќи да бидат хумани, стануваат жртви на улична измама.

Измамниците ја кријат својата игра низ приказна на тажни судбини, загуба на некој од семејството или болест.

Интересна ситуација и се случила и на Ана.М.(40), кој на сред улица бил пресретнат од измамник, кој и побарал пари за неговто болно дете.

-Се сожалив и му дадов 200 денари, ова се случи на плоштад по извесно време шетање ниц ГТЦ налетав на истиот човек кој си седеше со друштво мажи и си пиеше ракија, непријатно се изненадив како некој е способен да излаже, а парите да си ги намени за алкохол, вели Ана.М.

Чести се ситуациите каде измамниците одат од стан до стан и се преставуваат дека немаат пари за леб или имаат болно дете.

-Пред некој ден на вратата ми заѕвони маж околу педесет години, ми се претстви дека бил сираче и дека израснал сам и сега проси од врата до врата за да му се даде пари и облека.Му дадов 50 денари и едни чевли. Ги погледна парите како малку да му беа и прдолжи да ѕвони по другите станови.По 15 минути излегов да фрлам ѓубре позади зграда и налетав на истиот човек како си влага во такси, зачудено раскажува Весна.Р.(60).

Слична е и ситуацијата со децата кои просат по улиците и трговските центри низ градот.

-Пред некој ден на едно мало ромче му купив бурек за да се најаде, се почуствував во моментот убаво, за кратко откако излезе од бурекџилницата детето го фрли бурекот во канта за ѓубре, се зачудив.Очигледно чекаше пари да му дадам за да ги однесе на главниот организатор кој ги тера да просат по улиците, вели Маја.П.(25)