Тура низ Скопје, панорамско разгледување, фотосесии, моминска вечер, роденден за деца, снимање реклами е  тренд што го развива ЈСП. 

Од ЈСП велат дека во последно време се зголемил интересот кај граѓаните за изнајмување автобуси за приватни прослави, но тие најмногу ги одобруваат за туристички цели, односно за разгледување на Скопје.

Автобусите најмногу се изнајмуваат од институции, фирми, училишта.

-Основните училишта ги изнајмуваат автобусите најчесто за настава во природа. Добивме барање и за детски роденден во автобусите исто и за матурски прослави.Цената за изнајмување на панорамскиот автобус е 6.500 денари, двокатниот автобус е 4.500 денари, а за ниските е 3.500 денари. Се изнајмуваат за најмногу четири-четири и пол часа, без разлика за каков вид прослава се работи – велат од ЈСП.

Во двокатен автобус имало и моминска вечер. Од ЈСП велат дека неколку пати досега се случило да го побараат автобусот за моминска забава.