На негово место ќе се гради атрактивниот комплекс составен од трговски центар, станбен комплекс и канцелариски парк .

Оваа фотографија е направена пред земјотрес во 1963 година.

Скопски саем беше основан 1950 година кога е одржан и првиот Меѓународен саем за широка потрошувачка.  Оттогаш па во наредните пет декади Скопски саемпрерасна во значаен играч на регионалните и светските пазари. Скопски саем беше приватизиран во 2001 година.

Пред два месеца компанијата „Скопје Ист Гејт”  најави дека на негово место ќе се гради првиот модерен повеќенаменски комплекс составен од трговски центар, станбен комплекс и канцелариски парк.