Скопјани удрија по Шилегов: Платата ја земаш за да решаваш проблеми, а не да бараш идеи

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, ги повика граѓаните да дадат свои идеи за справување со проблемот со загадувањето. Тој порача дека сите граѓани кои имаат идеи или предлози, можат да ги претстават во понеделник во просториите на Град Скопје, помеѓу 12:30 и 14:30 часот.  На оваа информација објавена на фејсбук страната на Скопје Инфо граѓаните оставија повеќе од 100 коментари во кои велат дека Градоначалникот треба да го реши проблемот, а не да бара идеи.

Ова се најинтересните коментари кои собраа најголем број лајкови од читателите.

Јас ако треба да ти дадам идеја ќе седев у твојата фотеља и ке ја зимав твојата плата господине градоначалник. Фати се за работа и заработи си ја платата која НИЕ ти ја даваме!!!!“  - напиша Јасна Димовска.

Живко на објавата напиша: „Кога те биравме за градоначалник тогаш сам ги.нудеше и ветуваше.чист воздух за сите со тоа лого и излезе на избори. Пошто и друго ништо и не понуди. Откако човек го добил тоа што го сакал после заборава на ветувањата и си вели кој ги ебе нека јадат г.....а да те потсетиме.ние обичните смртници.дека може да биде и возвратно“.

Виолета Петкова го обвини Шилегов дека е манипулатор: А бе Градоначалник,граѓаните чекаа од тебе,не ти од нив.
Манипулатор за фотеља!!!

Филип Трајковски предложи дека единствена мерка против загадување на воздухот е смена на актуелниот градоначалник. Зоран Величковски уште еднаш го повтори ставот на граѓаните дека потребно е поевтинување на струјата и парното за луѓето повеќе да ги користат овие можности за греење.

Инаки, паралелно со поскапувањето на цените за паркирање во Центар, Шилегов  вчера најави поевтинување на билетите во јавниот градски превоз. На тој начин, смета градоначалникот, би се дестимулирале граѓаните од користење автомобили и би се мотивирани да се превезуваат со градските автобуси.